Утрински Весник
Македонија

За еден ден казнети над 700 возачи поради брзо возење

За еден ден казнети над 700 возачи поради брзо возење

Во текот на вчерашниот ден, Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола низ државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 731 возач.

Од нив, како што информираат од МВР, 76 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 10 возилa се движелe со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 313 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 417 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички придонес за побезбедни патишта.

Можете да прочитате

Јаневска: Не ми треба преведувач за во Тетово, во Македонија се знае македонски

Савески најави средба со обвинителите во предметот за Кочани

„Најригорозна, но и најскапа мерка“: Новиот државен обвинител ќе бара од колегите поретко да се решаваат за затворски притвор