Утрински Весник
Свет

Харков под руски напади, цивили во импровизирани засолништа

Харков под руски напади, цивили во импровизирани засолништа

Агенцијата на ОН за бегалци соопшти дека повеќе од 2,6 милиони луѓе од Украина побегнале во соседните земји.

Стотици цивили се принудени да живеат во импровизираното засолниште изградено во метрото „Студентска“ во Харков поради руските напади, јавуваат агенциите.

Во украинскиот град Харков, кој беше изложен на силни напади на руската армија, на цивилите им беше поделена собрана храна и други потреби. Во градот кој е под руски напади има долги редици граѓани кои чекаат помош.

Медиумите потсетуваат дека според податоците на Обединетите нации (ОН), од 24 февруари досега во Украина загинале најмалку 564 цивили, а 982 се повредени.

Агенцијата на ОН за бегалци соопшти дека повеќе од 2,6 милиони луѓе од Украина побегнале во соседните земји, а околу два милиони се раселени во Украина.

Можете да прочитате

Путин: Киевскиот режим ја отвори Пандорината кутија, ќе добие одговор

САД и Канада не успеаја да постигнат трговски договор, канадскиот премиер најави контра царини за Вашингтон

Макрон најави засилена воена поддршка за Украина по рускиот напад врз Кривиј Рог