Утрински Весник
Свет

Зеленски: Убиени 13.000 руски војници

Зеленски: Убиени 13.000 руски војници

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека од почетокот на рускиот напад врз Украина се убиени 13.000 руски војници.

Зеленски рече дека загубите на Русија за 18 дена се поголеми отколку во војната во Авганистан.

Тој наведе дека се уништени 74 авиони, 86 хеликоптери и над илјада оклопни возила на руската армија.

– Украина никогаш нема да се откаже. Украина храбро се бори – рече Зеленски.

Тој ги посети војниците ранети за време на руските напади во болницата во неделата, посакувајќи им брзо закрепнување.

Според Обединетите нации (ОН), од 24 февруари досега во Украина се убиени најмалку 564 цивили, а 982 се повредени.

Агенцијата на ОН за бегалци соопшти дека повеќе од 2,6 милиони луѓе од Украина побегнале во соседните земји, а околу два милиони се раселени во Украина.

Можете да прочитате

Роботакси „украло“ куфери, возилото Waymo отиде во друг град со багажот на патниците

Удвоен бројот на случаи на хантавирус во Аргентина

Директорот на СЗО: Ова не е нов Ковид