Утрински Весник
Македонија

Запалени контејнери во близина на зграда и паркирани возила во Дебар маало

Запалени контејнери во близина на зграда и паркирани возила во Дебар маало

За влакно е избегната трагедија во скопско Дебар маало, каде по третпат се палат исти контејнери. Овојпат, палењето се случи среде бел ден. Прво пристигна полицијата, а потоа и противпожарните возила. Околу петнаесетина минути беснееше пожарот, во близина на кружниот тег.

На кратко растојание до контејнерот, имаше и возило, кое е зафатено, но беше спречено да се случи катастрофа и да експлодира. Дополнително, во непосредна близина на пожарот има неколку згради, како и детско игралиште. Како последица на ова, црн чад имаше над речиси цело Дебар маало.

Палење на контејнери стана пракса во Скопје. Откако се поставени, многу често, тие се предмет на пиромани. Досега, не е откриен ниту еден потпалувач. Во пожарот, целосно изгореа четири контејнери, од кои едниот за рециклирање пластика. Петтиот контејнер е оштетен.

Можете да прочитате

Утре напладне 370 камиони ќе ги блокираат сите гранични премини

Малолетник со автомобил удри паркирано возило и тешко повреди пешак

Малолетник со возило удрил во автомобил и пешак кој се бори за живот