Утрински Весник
Магазин
Img 7972

БАФТА награди: Ѕвездите подготвени да се вратат на церемонијата лично

БАФТА награди: Ѕвездите подготвени да се вратат на церемонијата лично
300x250 opst2

Престижните филмски награди што ги доделува БАФТА (Британска академија за филмска и телевизиска уметност) ќе го означат враќањето на церемонијата во живо со целосен капацитет.

БАФТА наградите, познати како британски „оскари“, уште една голема станица во сезоната на награди, ќе се одржат вечерва во лондонскиот „Ројал Алберт Хол“.

Минатогодишниот настан беше од пригушен карактер, при што многу номинирани се појавија преку „Зум“ во услови на строги ограничувања за Ковид-19.

Но, оваа година ѕвездите ќе се вратат во концертната сала во Лондон на церемонијата што ќе ја води австралиската ѕвезда комичaрка Ребел Вилсон.

Научнофантастичната сага „Дина“ води со 11 номинации, по неа се вестернот „Моќта на кучето“ со осум и автобиографскиот „Белфаст“ на сер Кенет Брана со шест номинации.

Licorice Pizza, No Time to Die и West Side Story имаат по пет номинации

БАФТА наградите се последните големи филмски награди пред „Оскарите“.

Можете да прочитате

TECHMECH 2025 – Саем за пракса и вработување на Машинскиот факултет

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД: „БИЗНИС ЛИДЕР“ ЌЕ ГИ НАГРАДИ НАЈУСПЕШНИТЕ МАКЕДОНСКИ КОМПАНИИ ЗА 2024 ГОДИНА

Овие 2 знака ќе се збогатат или ќе освојат премија – и тоа веќе до ноември