Утрински Весник
Свет

Шефот на НАТО: Русија може да употреби хемиско оружје

Шефот на НАТО: Русија може да употреби хемиско оружје

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Русија може да употреби хемиско оружје во инвазијата на Украина и дека таквиот потег би бил воено злосторство.

„Ројтерс“ пренесува дека Столтенберг за германскиот весник „Велт ам Зонтаг“ изјавил дека Кремљ измислува лажни изговори за да ја оправда можната употреба на хемиско оружје.

„ Последниве денови слушнавме апсурдни тврдења за лаборатории за хемиско и биолошко оружје. Сега кога се изнесени овие лажни тврдења, мора да бидеме внимателни бидејќи е можно самата Русија да планира операции со хемиско оружје под маската на овие измислици и лаги“, рече Столтенберг.

Тој додаде дека иако украинскиот народ досега храбро се спротивставува на руската инвазија, следните денови најверојатно ќе донесат уште поголеми неволји.

Можете да прочитате

Могерини ослободена по притворот во истрагата за измама

Холандскиот Апелациски суд одби да ги олабави правилата за асистирано самоубиство

Средбата на Виткоф со Путин во Москва трае веќе три часа