Утрински Весник
Свет

Кулеба: Русија користи слична тактика како и во Сирија

Кулеба: Русија користи слична тактика како и во Сирија

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба изјави дека Русија користи слични тактики во Украина како и во Сирија и дека Мариупол е опколен, но се уште е под украинска контрола.

Кулеба, исто така, рече дека Русија се обидела да изгради логистичка база во близина на Чернобил. Тој рече дека иако Русија и Украина разговараат и остануваат отворени за дипломатија, Русија сè уште поставува барања кои се неприфатливи.

„ Украина е подготвена да преговара, но нема да се предаде“, рече тој.

Кулеба нагласи дека на Украина и е потребна помош во истрагата и гонењето на можни воени злосторства и дека треба да направи повеќе за потешко да ја погоди руската економија. Тој додаде дека повеќе цивилни животи би биле спасени доколку Украина имала повеќе авиони.

Кулеба порача дека верува оти Белорусија не е подготвена да испрати војници во Украина, и покрај притисокот од Русија.

Можете да прочитате

Израелската војска принуди 1.200 Палестинци да ги напуштат домовите во Хеброн

Во судир на два воени авиони за време на тренинг лет на Филипините загинаа четири пилоти

Протести во Чешка поради промени во финансирањето на медиумите, демонстранти се обидоа да влезат во Парламентот