Утрински Весник
Свет

Трудо го отфрли барањето на Зеленски за забрана на летови над Украина

Трудо го отфрли барањето на Зеленски за забрана на летови над Украина

Канадскиот премиер Џастин Трудо изјави дека НАТО не може да прогласи зона на забранети летови над Украина, на барање на претседателот Зеленски. Тој изјави дека таа одлука може да доведе до директен конфликт меѓу Русија и НАТО.

„Морам да кажам дека можеме да направиме толку многу за да поддржиме, но ризикот е голем од ескалација, ризик од проширување. Да го вовлечеме НАТО во директен конфликт ако испратиме авиони на НАТО над Украина за да соборат руски авиони“, изјави Трудо.

Потврдувајќи дека Зеленски директно побарал од него да ја спроведе оваа мерка за време на телефонскиот разговор во четвртокот, Трудо за канадските медиуми изјави: – Можеме многу и ќе направиме се што можеме. Но, ова не можеме да го направиме – заклучи канадскиот премиер.

Можете да прочитате

Руски авиони упаднале во Естонија

Русија ја нападна Украина со дронови и ракети

Шефот на турската дипломатија се залага за заедничка одбранбена платформа на земјите од Блискиот Исток