Утрински Весник
Свет

Српската влада привремено забрани извоз на пченица, пченично брашно, сончогледово масло

Српската влада привремено забрани извоз на пченица, пченично брашно, сончогледово масло

Српската влада донесе одлука за привремена забрана за извоз на основните земјоделски прехранбени производи – пченица, пченично брашно, пченка и сончогледово масло.

Дополнително, на неодамна завршената седница беше донесена и Уредбата за ограничување на цените на нафтените деривати, која се однесува на „евро дизел“ и „евро премиум БМБ 95“, која ќе стапи на сила од утре и ќе важи во наредните 30. денови, до 11 април.

Одлуката е донесена со цел да се спречат поголеми нарушувања и да се зачува животниот стандард на населението, соопшти српската влада, а имајќи предвид дека во претходниот период имаше поскапување на нафтените деривати.

Забраната за извоз во вторникот вечерта ја најави претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Тој рече дека нема извоз на нафта, пченица, пченка и брашно и дека ќе има повеќе од доволно за Србија и за регионот.

Против забраната за извоз беа извозниците на пченица и пченка, но и самите земјоделци. Воведувањето извозни квоти го гледаа како најдобро и најрационално решение во моментов, додека целосната забрана, како што изјавија за „Данас“, ќе го уништи земјоделството и ќе има несогледливи последици.

Можете да прочитате

Сијарто: Унгарија ја поддржува средбата Трамп-Путин, ЕУ се обидува да ја саботира

Суспендиран пилот на „Изи џет“, шетал во хотел пијан и гол, а следниот ден имал лет

Трамп: За две минути од разговорот со Путин ќе знам дали може да се постигне договор за војната во Украина