Утрински Весник
Свет

Украинската влада најави отворање на нови хуманитарни коридори

Украинската влада најави отворање на нови хуманитарни коридори

Украинската влада соопшти дека денеска отвора неколку нови хуманитарни коридори во повеќе делови од земјата, пишува Си-Ен-Ен.

Како што се наведува, денеска во десет часот не се знаело дали коридорите за евакуација на цивили во побезбедни региони се договорени со Русија или со меѓународните хуманитарни агенции.

Ирина Верешчук, украинската министерка за реинтеграција на привремено окупираните територии, на Фејсбук објави дека коридорите ќе бидат отворени на три правци – Суми – Полтава, Тростјанец-Полтава и Краснопиља-Полтава.

Планиран е уште еден коридор на трасата од Изум, град на истокот на земјата, до Лозова во регионот Харков. Таа додаде дека Украинците планираат да отворат и коридори од Мариупол до Запорожје.

Верешчук, исто така, рече дека ќе биде отворен коридор од областа северно од Киев – од Буча, Бородјанка, Ирпин и Гостомел. Си-Ен-Ен потсетува дека обидите за евакуација на цивили од овие области во средата биле само делумно успешни.

Можете да прочитате

НАТО објави дека според новиот финансиски план за Украина ќе бидат договорени редовни и големи испораки на оружје

Земјата се врти побрзо ова лето, мерачите на време размислуваат да направат преседан

Трамп најавува „некаков вид дивиденда“ за Американците од новите царини