Утрински Весник
Македонија

Приведени 4 лица, расчистени 10 кривични дела на подрачјето на Виница

Приведени 4 лица, расчистени 10 кривични дела на подрачјето на Виница

Вчера по преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од ОВР Виница, од слобода се лишени Џ.У.(26) од Радовиш, А.И.(18), Е.М.(21) и С.И.(26), тројцата од Виница, поради постоење основи на сомнение дека на подрачјето на Виница извршиле 8 кривични дела „тешка кражба“ од куќи, викенд-куќи, маркет, пункт за отпад, 1 кривично дело „одземање на моторно возило“ и 1 кривично дело „кражба“ .

Поголем дел од украдените предмети се пронајдени, одземени и вратени на оштетените граѓани.

По комплетирање на случаите против сторителите на кривичните дела ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Можете да прочитате

Со месеци не функционира Агенцијата за слободен пристап до информации

СДСМ: Мицкоски ја претвора Развојната банка во филијала на своите бизниси

МНР до македонските граѓани во Израел: Сокријте се на безбедно, летовите се откажани