Утрински Весник
Магазин

(Видео) Коавторот на Shape Of You ги демантира наводите за плагијат

(Видео) Коавторот на Shape Of You ги демантира наводите за плагијат

Џони Мекдејд од бендот Snow Patrol ја опиша идејата за кражба на туѓи дела како „одвратна“, во текот на судењето за авторски права на песната што ја напишал со Ед Ширан.

Ширан, Мекдејд и Стив Мек се обвинети дека земале „неколку редови и фрази“ за хитот Shape Of You од песната Oh Why, на изведувачот Семи Свич.

Во писмените докази, Мекдејд тврди дека не може да се сети дека некогаш ја слушнал Oh Why „на кој било начин“ и дека не знаел за Семи Свич пред да започне правниот случај.

Музичарот на јавноста ѝ е попознат како Џони Мекдејд, но во судските документи е именуван како Џон.

Тој има напишано хитови за Пинк, „БТС“, Алиша Кис, и Реgенбон-мен, и додаде дека никогаш нема да преземе заслуга за дело на друг автор.

„Долги години сум професионален текстописец и постигнав значителен успех“, тврди тој во писмена изјава.

„Не морам, ниту сакам, ниту некогаш би плагирал туѓи дела. Идејата за такво нешто ми е одвратна.“

Oh Why ја напишале Рос О’Доног и Семи Свич (неговото вистинско име е Семи Чокри) во 2015 година. Двајцата тврдат дека Ширан плагирал еден дел за пост-рефренот на Shape Of You, менувајќи го текстот во „oh I, oh I, оh I“.

На суд во вторникот, Ширан ги негираше наводите и ја запеа Feeling Good на Нина Симон за да илустрира како мелодијата е вообичаен дел од поп музиката.

Мекдејд, кој е кум на ќерката на Ширан и свршеник на ѕвездата на „Пријатели“, Кортни Кокс, исто така тврди дека во мелодијата нема ништо оригинално.

„Таа користи секвенцијални или последователни ноти од пентатонската скала“, вели тој во својата писмена изјава. „Тоа е многу вообичаена мелодиска структура, според моето искуство.“

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста