Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Првиот човек на ПСЖ се посрамотил на „Сантијаго Бернабеу“

Првиот човек на ПСЖ се посрамотил на „Сантијаго Бернабеу“
Img 7972

ПСЖ, синоќа, доживеа уште еден дебакл во Шпанија, во Лигата на шампионите. Реал, ги елиминираше „светците“, во осмина-финалето, со хет-трикот на Карим Бензема. Најтешко поразот и елиминацијата ја доживеал претседателот, Насер Ал-Келаифи.

Водешките шпански медиуми Ас и Марка, повикувајќи се на извештаите, Мовистар, објавија дека Ал-Келаифи „бил лут и експресно ја напуштил ложата и се упатил кон соблекувалната на судиите“.

Овие медиуми тврдат дека сакал да го изрази своето незадоволство, но…

„Нервозен тој завршил во собата на делегатот на Реал Мадрид, Мехија Давила. Видно вознемирен, претседателот на ПСЖ бил избркан од простријата на претставникот на Реал, оставајќи срамна слика“, пишува Марка.

> Првиот човек на ПСЖ се посрамотил на „Сантијаго Бернабеу“ <

Можете да прочитате

Шеста светска клупска титула за ракометарите на Барселона

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг