Утрински Весник
Македонија

Маж од Кочани со туѓи податоци онлајн аплицирал за брзи кредити

Маж од Кочани со туѓи податоци онлајн аплицирал за брзи кредити

Полицијата поднесе кривична пријава против Т.Т.(51) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.

„На 12.12.2019 и на 17.02.2020, откако претходно ги прибавил личните податоци за оштетената, во два наврата ги искористил за онлајн апликации за брзи кредити и склучил договор за наменски кредити во нејзино име за набавка на два мобилни телефона, со што се стекнал со противправна имотна корист од 53.000 денари, нанесувајќи ѝ штета на оштетената во износ од 68.000 денари“, велат од МВР.

Можете да прочитате

Уапсен албански државјанин во прилепско, затекнат е како предизвикува пожар на отворено

Петровска: Одбиен посредник за хеликоптерите денес е неформален советник на Мисајловски

Фалсификувани 98.500 евра во поставата на јакната – млад Македонец фатен во Бугарија