Утрински Весник
Магазин

Пенелопе Круз зрачи со гламур на филмскиот фестивал во Санта Барбара

Пенелопе Круз зрачи со гламур на филмскиот фестивал во Санта Барбара

Пенелопе Круз во вторникот присуствуваше на 37. меѓународен филмски фестивал во Санта Барбара (SBIFF), настан што го прикажува најдоброто во независната и меѓународната кинематографија.

Актерката од Барселона, која годинава е номинирана за „Оскар“ за најдобра женска улога во драмата на Педро Алмодовар, „Паралелни мајки“, на себе има фустан во бургунди боја со полуотворен грб.

Изгледот го дополни со светкави обетки и драматичен кармин во боја на вино.

На настанот, шпанската актерка беше почестена со наградата „Монтесито“ за придонес во филм за нејзиното портретирање самохрана мајка во „Паралелни мајки“.

Можете да прочитате

Дневен хороскоп за 22 октомври: Биковите да не брзаат со одлуките, Вагите да кажат што навистина сакаат

Од компанија во Јужна Калифорнија украдени Покемон карти вредни речиси милион долари

Нови песни, познати музички имиња и фестивалска еуфорија: „Макфест“ на 30 и 31 октомври