Утрински Весник
Македонија

Парична помош од Општина Аеродром за украинците

Парична помош од Општина Аеродром за украинците

Општина Аеродром изразува солидарност со украинскиот народ и цивилното население кое е приморано да ги напушти своите домови поради воените дејства во Украина.

Упатуваат осуда кон секаков вид агресија и воена интервенција чие место дефинитивно не е во 21 век.

Токму затоа, по иницијатива на градоначалникот Тимчо Муцунски и со одлука на Советот, Општина Аеродром ќе донира 150 илјади денари парична помош за украинскиот народ кој минува низ тежок период предизвикан од воената агресија.

Општина Аеродром ја покажува солидарноста на дело и во рамките на своите можности ги помага сите оние на кои им е најпотребно

Можете да прочитате

Детската клиника доби нов мобилен рентген апарат од Јапонската амбасада

Нестабилно со дожд и грмежи, следните три дена пораст на дневната температура

Лазим Дестани: Во спортот нема простор за говор на омраза