Утрински Весник
Свет

Го прекинуваат бизнисот: Русите нема да имаат ниту кока-кола

Го прекинуваат бизнисот: Русите нема да имаат ниту кока-кола

„Кока-Кола“ соопшти дека ја прекинува својата работа во Русија.

Тоа е последниот во низата познати западни брендови кои ја прекинаа својата работа во земјата, по сличните најави денеска од „Мекдоналдс“ и „Старбакс“.

Во последните денови, многу западни брендови го направија истото. Меѓу многуте компании кои го суспендираа својот бизнис се Mango, Ikea, Adidas, Puma, Nike, H&M, Zara, Apple, Netflix, Volkswagen, BMW итн.

„Нашите срца се со луѓето кои ги трпат несовесните последици од овие трагични настани во Украина“, се вели во соопштението на „Кока-Кола“.

Можете да прочитате

Во Германија се признаваат се повеќе странски квалификации

Венецуела половина од произведената нафта ја испорачува во САД

Повеќе од 100 загинати при уривање на рудник за злато во Централноафриканската Република