Утрински Весник
Свет

Сергеј Лавров разговараше со државниот секретар на Ватикан за Украина

Сергеј Лавров разговараше со државниот секретар на Ватикан за Украина

Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека министерот за надворешни работи Сергеј Лавров во разговор со државниот секретар на Ватикан, кардиналот Петер Паролин го претставил ставот на Москва за конфликтот во Украина.

Според соопштението, Лавров го кажал принципиелниот став на Русија во однос на причините и целите на специјалната воена операција што се спроведува во Украина и во однос на загриженоста што ја изразил кардиналот Паролин поради ситуацијата во Украина, пренесува „Ројтерс“.

Во него се додава дека двете страни изразиле надеж дека четвртиот круг разговори меѓу Москва и Киев ќе се одржи што е можно поскоро за „да се бара договор за клучните прашања што стојат во основата на кризата и да се реши кризата и да се запрат непријателствата“.

Можете да прочитате

Макрон: Француската морнарница пресретнала танкер за нафта од Русија под сомнение дека пловел со лажно знаме

Трамп: Преговараме за целосен пристап до Гренланд

Зеленски во Давос упати жестока критика за европските лидери