Утрински Весник
Свет

Нехамер: Австрија останува неутрална

Нехамер: Австрија останува неутрална
Dik 300x250 mk

Австрискиот канцелар Карл Нехамер ја прекина дискусијата за укинувањето на австриската неутралност со пораката „Австрија останува неутрална“.

„ Австрија беше неутрална, неутрална е и ќе остане неутрална“ подвлече Нехамер и рече дека за него со тоа завршила дискусијата.

Според него, неутралноста била добра за Австрија. Тој нагласи дека во моментов има војна, дека ни треба брза помош, брза солидарност за луѓето на лице место, како и поддршка за политички одговорните кои таму се плашат за своите животи, без потреба од дискусии кои немаат основа во реалноста.

Така Нехамер индиректно одговори на барањето на поранешниот претседател на парламентот Андреас Кол, кој во авторскиот текст во весникот „Клајн цајтунг“ изјави дека Австрија треба да влезе во НАТО или во армијата на ЕУ.

Слична изјава даде и гувернерката на покраината Долна Австрија, Јохана Микл Лајтнер.

„ Нема да промениме ништо за нашата неутралност. Тоа е основата на нашата надворешна и безбедносна политика. Тоа беше во изминатите децении, така ќе биде и во иднина“ нагласи таа.

Сепак, таа посочи дека Австрија ќе го крева својот глас во иднина кога ќе се прекрши меѓународното право.

Можете да прочитате

Комбе со австриски и шпански новинари нападнато со дрон во источна Украина

Ердоган: Победата во Нагорно Карабах ќе доведе до траен мир со конструктивен став на лидерите

Путин го именува генерал Булига за заменик секретар на Советот за безбедност на Русија