Утрински Весник
Свет

Трагедија во Ајова – момче во торнадо ги загуби таткото, братот, сестрата и бабата – мајката се бори за живот

Трагедија во Ајова – момче во торнадо ги загуби таткото, братот, сестрата и бабата – мајката се бори за живот

Застрашувачко торнадо во саботата усмрти четворица членови на семејство од Ајова. Татко, ќерка и син загинаа, а уште еден син преживеа, додека мајката се бори за живот.

Мајк Болгер (37), татко на три деца, исчезна во невремето заедно со двегодишниот Овен и петгодишната ќерка Кинли.

Постариот син Брајсен преживеа, но неговата мајка Кури има сериозни повреди.

„Њујорк пост“ пишува дека Болгерите биле во посета на семејство од Блу Спрингс, Мисури. На „GoFundMe“ е отворена страница за покривање на трошоците за погребот и лекувањето на мајката на Брајсен.

Можете да прочитате

ЕУ ќе даде пет милиони евра помош за областите погодени од земјотресите во Венецуела

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад

Трамп го претстави специјалниот пасош со својот лик