Утрински Весник
Свет

За покажаната храброст – Претседателот на Чешка ќе му додели највисоки државни почести на Зеленски

За покажаната храброст – Претседателот на Чешка ќе му додели највисоки државни почести на Зеленски

Чешкиот претседател Милош Земан изјави дека ќе му додели највисоки државни почести на украинскиот претседател Володимир Зеленски за неговата храброст во соочувањето со руската инвазија, пренесува Хина.

Земан одржува блиски врски со Русија откако ја презеде функцијата во 2013 година, но рускиот претседател Владимир Путин го нарече „лудак“ на почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари.

На задоцнетата церемонија на доделување на државните награди, која беше прекината од пандемија на коронавирус во изминатите две години, Земан изрази поддршка за Украина и нејзиниот народ бидејќи „бесне војната“, нарекувајќи ја војна предизвикана од руска агресија. Тој рече дека еден пратеник предложил на Зеленски да му бидат доделени највисоките чешки признанија.

– И решив да се усогласам со овој предлог. Тоа е затоа што украинскиот претседател покажа храброст, и иако САД му понудија евакуација, тој остана во главниот град на својата земја, од каде ја води нејзината одбрана – рече Земан.

Чешката новинска агенција ЧТК го цитираше портпаролот на Земан дека почестите на Зеленски би можеле да бидат доделени кон крајот на октомври, кога вообичаено се одржува церемонијата на доделување, пренесува Хина.

Можете да прочитате

Речиси 30.000 дезертери доброволно се вратија да служат во украинската армија по сила на законот за амнестија

Шведска, Норвешка и Данска со 486 милиони долари ќе се вклучат во иницијативата на НАТО за снабдување на Украина со оружје

Трамп: Би сакал пак да се кандидирам за претседател, но најверојатно нема