Утрински Весник
Свет

Од полноќ во Хрватска повисоки цени на горивото

Од полноќ во Хрватска повисоки цени на горивото

Цените на моторните горива во Хрватска утре ќе се зголемат, а за да го ублажи нивниот раст, владата ќе ја поправи маржата на трговците со нафта и привремено ќе ги намали акцизите за дизелот и бензинот, изјави премиерот Андреј Пленковиќ на денешната владина седница.

Пленковиќ рече дека владата очекува од утре цената на дизелот да биде 12,53 куни (1,65 евро), бензинот 12,19 куни (1,6 евро) за литар, а синиот дизел 8,04 куни (1,0 евро), пренесува „Хина“.

Ова, според пресметката на порталот „Индекс“, значи дека од полноќ полн резервоар бензин ќе поскапи за 40-ина куни (5,3 евра), дизелот за 60-ина куни (7,9 евра), а автогасот за 25 куни (3,3 евра).

Потсетувајќи дека владата пред еден месец донела уредба за фиксирање на цените на моторните горива, Пленковиќ изјави дека во случај на дополнително замрзнување на цените, многу дистрибутери ќе работат со загуба.

На бензинските пумпи во Хрватска има огромен метеж бидејќи пред полноќ возачите се упатиле да си ги наполнат резервоарите, јавуваат тамошните медиуми.

Можете да прочитате

ЕУ ќе даде пет милиони евра помош за областите погодени од земјотресите во Венецуела

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад

Трамп го претстави специјалниот пасош со својот лик