Утрински Весник
Магазин

Џиџи Хадид најави донација за украинските бегалци

Џиџи Хадид најави донација за украинските бегалци
Dik 300x250 mk

Супермоделот Џиџи Хадид вети дека заработката од Модната недела ќе им ја донира на луѓето погодени од војната во Украина.

26-годишната ѕвезда на модните писти сподели низа фотографии од разни ревии и откри дека сака да даде значителен придонес за да им помогне на оние на кои им е потребна помош.

Таа објасни дека покрај ангажманот на и надвор од модната писта, нејзина одговорност е да возвраќа, а тоа го прави на начин донирајќи ја целата заработка од кампањата есен 2022 година на украински хуманитарни организации.

Хадид истакна дека нејзините професионални обврски ја спречуваат активно да размислува за настаните во светот.

Хадид, која може да се пофали со над 72 милиона следачи на „Инстаграм“, во објавата додаде дека таа и нејзините колешки модели сакаат да помогнат во создавањето позитивни промени преку својата работа.

„Нашите очи и срца мора да бидат отворени за секоја човечка неправда. Треба да се гледаме како браќа и сестри, надвор од политиката, надвор од расата, надвор од религијата“, напиша таа.

Можете да прочитате

Денеска се празнува Митровден – 24info.mk

Саем за храна во Скопје – уникатна можност да се вкусат домашни производи и специјатлитети

Растенија кои успеваат дури и ако заборавите на нив