Утрински Весник
Свет

Борел: ЕУ очекува пет милиони бегалци од Украина

Борел: ЕУ очекува пет милиони бегалци од Украина

Шефот на дипломатијата на ЕУ, Џосеф Борел, процени дека повеќе од 18 милиони луѓе ќе бидат погодени од војната во Украина, а 5 милиони од нив ќе побегнат во Европа.

Борел нагласува дека првенствено е неопходно да се издвојат средства за итна хуманитарна помош, а потоа да се работи на зајакнување на отпорноста и економската ликвидност на Украина, но и на соседна Молдавија.

„Бројот на бегалци може само да расте. Досега видовме 1,6 милиони бегалци кои бегаат во Европа и се плашиме дека може да има 5 милиони бегалци во Европа. Тоа е разумна проценка, а вакво нешто не е видено од Втората светска војна“, вели Борел.

Можете да прочитате

Нетанјаху нареди војската да се подготви за целосно затворање на Западниот Брег

Руски танкер со 40.000 тони дизел плови кон Њујорк по договорот меѓу Путин и Трамп

Путин: Преговорите за Украина мора да ја вклучат безбедноста на цела Европа