Утрински Весник
Свет

Украинците објавија слика од заробени руски војници – добредојдовте во пеколот

Украинците објавија слика од заробени руски војници – добредојдовте во пеколот

Украинските вооружени сили објавиле слика од заробени руски војници на Фејсбук.

Заедно со слика од тројцата војници напишаа и кратка порака.

– А овие кутри дивјаци ќе ни покажат како да живееме на нашата од Бога дадена земја? Немаат поим со кого стапиле во контакт. Добредојдовте во пеколот – напиша на Фејсбук копнената војска на Украина.

Да потсетиме, денеска немаше поголеми конфликти меѓу руската и украинската армија.

Утрово беше објавено дека се отворени хуманитарни коридори од неколку украински градови опколени од руската армија, а започна и третата рунда мировни преговори меѓу Русија и Украина.

Можете да прочитате

Голема британска банка отпушта 5000 работнции, дел ќе бидат заменети со АИ

Германската армија предупредува на сериозна закана од руска саботажа

Судот во Франција досудува изненадувачки благи казни за обвинетите за немирите