Утрински Весник
Свет

Украина го одби рускиот предлог за отворање хуманитарни коридори

Украина го одби рускиот предлог за отворање хуманитарни коридори

Украина го отфрли рускиот предлог за евакуација на цивилите од опколените украински градови во Русија и Белорусија.

„ Ова е неприфатлива опција за отворање хуманитарни коридори“, изјави на прес-конференција украинската вицепремиерка Ирина Верешчук.

Според рускиот предлог, единствената опција за цивилите кои бегаат од Киев е да се евакуираат во Гомел во Белорусија, а за оние од Харков и Суми во источна Украина, во Белгород во Русија.

Украинската влада предлага осум хуманитарни коридори, вклучувајќи го и јужното пристаниште Мариупол, кои ќе им овозможат на цивилите да преминат во западните региони на Украина, каде што нема руско гранатирање.

„ Бараме Руската Федерација да престане да манипулира и да ја злоупотребува довербата на лидерите на Франција, Кина, Турција и Индија“, рече Верешчук.

Можете да прочитате

Американскиот министер за трговија со остри критики кон Европа

Шпанските машиновозачи ќе штрајкуваат по сериозните несреќи

Американски министер: Гренланд мора да биде дел од САД, Данска е небитна