Утрински Весник
Македонија

Каевски: Дали поради диловите на Мицкоски за автобуси е прекинат проектот БРТ?

Каевски: Дали поради диловите на Мицкоски за автобуси е прекинат проектот БРТ?

„Вчера, Христијан Мицкоски јавно кажа дека преговарал со компании и дека бил во завршна фаза за подготовка на тендерска документација за набавка на автобуси за Град Скопје. Оваа изјава е основа за можна корупција и криминал“, истакна на денешната прес-конференција Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

Затоа, додаде тој, пред просториите на Град Скопје ја прашуваме градоначaлничката Данела Арсовска:

„Во кое својство и во чие име Христијан Мицкоски преговарал за набавка на автобуси? Како може да подготвува меѓународни тендери претседател на партија и во чие име? И клучно: Дали заради диловите на Христијан Мицкоски е прекинат проектот за бас рапид транспорт во Скопје, поддржан од ЕБРД? Од ЕБРД не се добиваат тендери. Очигледно на повидок е голем скандал, според зборовите на самиот Мицкоски“, истакна Каевски.

Според него, граѓаните очекуваат одговори и дали претседателот на Советот Трајко Славевски бил вклучен во оваа партиска операција?

„Вака Груевски преговараше со Јанкуловска за тоа на М. Вака Јанушев преговараше со Јанакиевски за кинеските автобуси. Вака Груевски најавуваше трамвајски автобуси во Скопје. Ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е истата режимска и корумпирана партија од времето на Никола Груевски“, додаде Каевски.

Оценува дека граѓаните очекуваат одговори од Арсовска.

СДСМ, според Каевски, внимателно го следи овој скандал и ги повикува надлежните институции да го разгледаат и да постапат.

Можете да прочитате

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Нормализирано водоснабдувањето во Клиниката за белодробни заболувања „Козле“

Предметот за пожарот во “Пулс” префрлен во надлежност на ОЈО Скопје