Утрински Весник
Свет

11-годишно момче побегна само од Украина, со себе носеше една ќеса, пасош и телефонски број напишан на раката

11-годишно момче побегна само од Украина, со себе носеше една ќеса, пасош и телефонски број напишан на раката

Словачката полиција на својот Фејсбук објави приказна за 11-годишно момче од Запорожје, кое бегајќи од војната, без придружба пристигнало во Словачка преку граница.

„ Со една најлонска кеса, пасош и пишан телефонски број на раката, тој дојде сосема сам бидејќи неговите родители мораа да останат во Украина. Волонтерите се грижеа за него, го стоплија и му обезбедија храна и пијалоци кои ги спакуваа за да го продолжи патувањето. Сите ги освои со својата насмевка, бестрашност и решителност, достоен за вистински херој“, напиша словачката полиција на Фејсбук.

Подоцна по него дошле роднините на момчето, а сето тоа благодарение на бројот испишан на неговата рака.

Можете да прочитате

Британија испраќа воен брод на Блискиот Исток

Во Бахреин уапсени над 40 лица поврзани со Иранската револуцеионерна гарда

Маѓар положи заклетва и стана нов унгарски премиер