Утрински Весник
Свет

Макрон за разговорот со Вучиќ: Војната во Украина треба да биде можност за европско приближување

Макрон за разговорот со Вучиќ: Војната во Украина треба да биде можност за европско приближување

Францускиот претседател Емануел Макрон во телефонски разговор со српскиот претседател Александар Вучиќ ја поздравил јасната позиција на Белград во меѓународните инстанци за војната во Украина и потребата од почитување на суверенитетот на државите, соопшти денеска Елисејската палата.

Макрон ја истакна блиската соработка меѓу двете земји и потсети на пријателството на Франција и неговата лична поддршка за Србија.

Тој оцени дека војната во Украина бара ЕУ и сите земји блиски до неа, а особено оние кои, како Србија, имаат европска перспектива, заеднички да ги разгледаат начините и средствата за дополнително зајакнување на врските и изградба на заедничка иднина за сите Европејци, пренесе „Блиц“.

Тој посочи дека војната во Украина треба да биде можност за европско приближување.

Во соопштението се посочува дека Макрон и Вучиќ ќе останат во близок контакт.

Можете да прочитате

Словенија прогласи двајца израелски министри за персона нон грата

Во Велика Британија на избори ќе се гласа со наполнети 16 години

Регрут од украинската армија уби двајца свои инструктори