Утрински Весник
Свет

Пожарот во нуклеарната централа беше провокација, му рекол Путин на Макрон

Пожарот во нуклеарната централа беше провокација, му рекол Путин на Макрон

Рускиот претседател Владимир Путин неколку часа разговараше со францускиот претседател, Емануел Макрон, пришто обвини за обиди за провоцирање од страна на, како што рече,  украинските радикали околу нуклеарната централа.

Путин му рекол на Макрон и дека Киев не се придржува до договорот за евакуација на цивили.

Светот стравуваше поради пожарот во близина на најголемата нуклеарна централа во Европа, во петокот рано наутро откако беа пријавени судири. Западните медиуми тврдеа дека руските сили намерно го гаѓале објектот. Руската армија ги отфрли тие тврдења и ги обвини украинските власти за обид за „монструозна провокација“.

Рускиот претседател Владимир Путин му доставил за случајот, пишуваат медиумите по средбата.

Москва би можела да се согласи на средба меѓу Русија, Украина и Меѓународната агенција за атомска енергија, но не и во Чернобил, му рекол Путин на Макрон во телефонскиот разговор. Москва би можела да се согласи на состанок во трета земја или телеконференција, според Кремљ.

Руските сили и украинската гарда ја обезбедуваат безбедноста на нуклеарната централа Запорожје, му рекол Путин на Макрон.

Можете да прочитате

Бомба од Втората светска војна пронајдена во река во Берлин, илјадници евакуирани

Трамп: Путин ме разочара – 24info.mk

Зеленски: Ослободивме 160 квадратни километри и седум населени места во Доњецкиот регион