Утрински Весник
Економија

СДСМ: Најголем пораст на пензиите во просек по 900 денари и 3.000 денари помош за секој пензионер

СДСМ: Најголем пораст на пензиите во просек по 900 денари и 3.000 денари помош за секој пензионер
Dik 300x250 mk

„Владата предводена од СДСМ постигна договор за рекордно и досега најголемо зголемување на пензиите за околу 330.000 пензионери.

Усвоивме нова методологија за континуиран раст на пензиите, за спокоен и достоинствен живот на пензионерите.

Усогласувањето на пензиите според швајцарски модел ќе биде два пати годишно и се врзува за порастот на трошоците за живот со 50% и за растот на просечната плата со 50%.

Пензионерите од септември, секој месец ќе имаат покачување од 900 денари во просек или годишно 12.000 денари плус пари, што е рекордно зголемување на пензиите во историјата на државата.

Покрај методологијата за раст на пензиите, Владата обезбедува пакет помош за секој пензионер од по 1.000 денари во месеците април, мај и јуни.

СДСМ и премиерот Ковачевски го исполнија ветувањето дадено пред неговиот избор за премиер за најголемото зголемување на пензиите.

СДСМ покрај растот на платите, пензиите, овозможува повеќе пари кај нашите највозрасни граѓани го унапредува нивниот животен стандард“.

Соопштение на СДСМ

 

Можете да прочитате

Раст на извозот и на увозот, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија

Намален за 2,8 проценти бројот на работници во индустријата во септември на годишно ниво

Во изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д во септември ангажирани 2277 лица