Утрински Весник
Македонија

Џафери на средба со Албин Курти: Сериозно да се третира барањето на Косово за членство во НАТО и ЕУ

Џафери на средба со Албин Курти: Сериозно да се третира барањето на Косово за членство во НАТО и ЕУ
Dik 300x250 mk

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска во Приштина, во рамките на официјалната посета на Косово, оствари средба со косовскиот премиер, Албин Курти.

Како што информираат од кабинетот на Џафери, изразувајќи загриженост за безбедносната состојба во регионот, особено по воената интервенција на Руската Федерација врз Украина, Курти оценил дека барањето на Косово за членство во НАТО и ЕУ треба да биде третирано со најголема сериозност.

Џафери посочил дека Северна Македонија има афирмативен став за пристапувањето на Косово кон сите мултилатерални и регионални иницијативи и форуми и ќе продолжи со поддршката на овој план.

„Џафери и Курти оценија дека првата заедничка седница меѓу Владите на Северна Македонија и Косово несомнено преставуваше позитивен импулс за натамошно интензивирање на билатералните односи и надградување на заедничките интереси за поинтензивна регионална соработка. Тие изразија уверување дека од потпишаните договори и меморандуми ќе произлезат конкретни проекти со цел подобро инфраструктурно поврзување на двете земји, олеснување и унапредување на економската соработка и комуникација, соработка на полето на енергетиката, туризмот, културата, дијаспората и друго“, се наведува во соопштението за средбата, во кое се додава дека Курти истакнал оти шест месеци по потпишувањето на овие договори, треба да се направи процена на нивното спроведување.

Можете да прочитате

Шлепери почнаа да се паркираат на тротоарите во Чаир

Хаос кај кулите Џевахир: Пијан возач со голема брзина удри во контејнери и автомобили!

Министерство за здравство не знае колку лекари и медицински сестри фалат