Утрински Весник
Свет

Пленковиќ: Има хуманитарна криза од огромни размери

Пленковиќ: Има хуманитарна криза од огромни размери

Хрватската влада денеска одржа седница на која на почетокот се обрати и премиерот, Андреј Пленковиќ.

„Мило ми е што во Хрватска има единство во осудата на оваа агресија и што Хрватска е на вистинската страна од правото, моралот и историјата. Има огромна хуманитарна криза. Расте бројот на невини жртви, бројот на убиени цивили, уништувањето на украинските градови. Повеќе од милион луѓе ја напуштија, а се проценува дека околу пет милиони луѓе би можеле да ја напуштат Украина“, рече Пленковиќ.

„Ова е една од директните последици на катастрофалната руска агресија врз Украина“, додаде тој.

Тој ги опиша извештаите од Мариупол како особено загрижувачки.

„Она што сакам уште еднаш да го кажам е дека Хрватска вчера политички го изрази својот став. Ја поддржавме резолуцијата на ОН која се однесуваше на Украина и секако тој став беше забележан и во меѓународната заедница“, рече Пленковиќ.

Можете да прочитате

Украдени се над 400.000 KitKat чоколадца

Хутите извршија напади врз Израел, ексалира војната на Блискиот исток

Притисок врз НАТО? Трамп се заканува дека ќе ја повлече војската од Германија