Утрински Весник
Свет

Кличко објасни какви експлозии одекнаа синоќа во Киев

Кличко објасни какви експлозии одекнаа синоќа во Киев

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко објави нова видео порака во која им се обраќа на граѓаните.

Тој го направи тоа откако синоќа одекнаа силни експлозии низ градот.

„Ситуацијата е тешка, но е под контрола“, рече градоначалникот на почетокот.

Тој објасни какви силни експлозии одекнаа синоќа низ Киев.

„Синоќа одекнаа неколку експлозии во главниот град. Ова е резултат на работата на системот за противвоздушна одбрана на вооружените сили, кој собори непријателски ракети. Фала богу нема уништување и нема жртви“, рече Кличко додавајќи дека вчера оштетените топлински цевки на железничката станица ќе бидат обновени денеска.

Тој им се заблагодари на комуналните претпријатија, нагласувајќи дека тие се приклучиле на хуманитарниот персонал и волонтерите кои помагаат во градот.

Можете да прочитате

Норовирус се шири на луксузен крузер: Повраќање и дијареја кај над 100 лица

Украински беспилотни летала погодиле објект во Летонија, министерот за одбрана поднесе оставка

Фицо: Зеленски треба да му се јави на Путин