Утрински Весник
Македонија

Координирана акција на Град Скопје и општините за спречување создавање депонии на приватен имот

Координирана акција на Град Скопје и општините за спречување создавање депонии на приватен имот
Dik 300x250 mk

Инспекторатот на Град Скопје заедно со инспекторите за животна средина од скопските општини започнаа координирана акција за депонии и сметилишта на приватен имот.

Како што информираат од Град Скопје, акцијата опфаќа евидентирање, пронаоѓање на сопствениците на имотот, задолжување со записник и решение за чистење на имотот во даден временски рок. Доколку субјектите не постапат по решенијата, имотот ќе го исчистат јавните комунални претпријатија на трошок на сопственикот.

Заедничката акција на градските и општинските инспектори за животна средина на терен се спроведува во општина Центар во населба Крњево, каде што со помош на механизација се чисти депонија составена од оштетени автомобилски гуми оставени на приватен незаграден имот, при што подигнати се околу 700 гуми, со што е спречено нивно потенцијално палење и загадување на воздухот и животната средина.

Можете да прочитате

Во казино во Аеродром 70-годишник се степал со 62-годишник

Пронајдени 15 лица мигранти во гевгелиско, приведени двајца криумчари

Зохиу: Герапетритис и Мицкоски на средбата во Лондон се осврнаа на многу добрата клима во билатералните односи