Утрински Весник
Свет

(Од минут во минута) Објавени нови информации за огромен руски конвој, сепаратистите му се закануваат на Мариупол

(Од минут во минута) Објавени нови информации за огромен руски конвој, сепаратистите му се закануваат на Мариупол
Dik 300x250 mk

Осми ден на руската инвазија на Украина.

Руската армија вчера го зазеде Херсон, стратешки важен град на југот на земјата. Под силно гранатирање е и Мариупол, важно украинско пристаниште на југоистокот. Во текот на вечерта и ноќта во Киев се слушнале бројни експлозии.

Повеќе од еден милион луѓе ја напуштија Украина од почетокот на руската инвазија минатата недела, изјави во четвртокот Филипо Гранди, шеф на агенцијата за бегалци на Обединетите нации.

Клучни настани:

ОН: Над милион луѓе ја напуштија Украина од почетокот на руската инвазија
Русија го окупираше стратешки важниот град Херсон на југот на земјата
Силни експлозии се слушнаа во Киев
Се обрати Зеленски, тврдејќи дека се повеќе руски војници бегаат назад во Русија

Најнови вести:

08:45 Сепаратистите од Доњецк се закануваат со целни напади

Русија и сепаратистите велат дека опколиле град со 430.000 жители на брегот на Азовското Море.

08:26 Во текот на ноќта во Киев одекнаа силни експлозии

Силни експлозии се слушнале во текот на ноќта во главниот град Киев, но и во некои други украински градови. Во Киев околу 3 часот по локално време се слушнале најмалку четири големи експлозии. Експлозиите се случија неколку часа по големата детонација во близина на централната железничка станица во Киев.

08:20 Нови сателитски снимки од руското уништување на Украина

На фотографијата се прикажани уништени воени возила во станбена зона и уништени домови на улицата Вокзална во Буча, западно од Киев. Создаден е на 28 февруари.

Можете да прочитате

Во Франција најмалку петмина повредени откако намерно биле удрени од автомобил

Португалските власти запленија подморница со 1,7 тони кокаин

Трет обид за покорување на Русија може да ја уништи Европската Унија