Утрински Весник
Свет

Русија: Ќе разговараме со Украина за прекин на огнот

Русија: Ќе разговараме со Украина за прекин на огнот
Dik 300x250 mk

Прекинот на огнот ќе биде на дневен ред на новите руско-украински преговори кои треба да се одржат рано наутро, соопшти Русија, која во исто време продолжува да ги бомбардира украинските градови и за првпат соопшти за 500 загинати војници од почетокот на инвазијата.

Украинските пратеници, според последните информации, веќе се на пат кон преговарачката локација во Белорусија, за втор круг разговори, соопшти кабинетот на украинскиот претседател.

Преговорите ќе започнат во утринските часови на место заеднички определено од страните, а се наоѓа недалеку од границата со Полска, изјави рускиот преговарач Владимир Медински.

„Украинската делегација веќе го напушти Киев. Очекуваме да бидеме овде утре наутро“, рече претставникот.

Првите разговори одржани во понеделникот, исто така во Белорусија, не дадоа опипливи резултати. Киев бараше итен прекин на инвазијата, а Москва се чинеше дека очекува предавање.

Во исто време, Генералното собрание на ОН денеска усвои резолуција со која се повикува Русија веднаш да престане да користи сила против Украина.

Само пет земји беа против, а 35 беа воздржани, вклучително и Кина, од 193 членки на организацијата.

Можете да прочитате

Нема враќање на средствата на „Лукоил“, дури и ако санкциите се укинат

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

Над 30 повредени откако бил испуштен иритирачки гас во германско училиште