Утрински Весник
Свет

Русите пристигнаа на преговори, се чекаат Украинците

Русите пристигнаа на преговори, се чекаат Украинците

Руската делегација пристигна во Белорусија на вториот круг од преговорите со Украина, изјави за „Русија 24“ шефот на руската делегација Владимир Медински, додавајќи дека украинската делегација го напуштила Киев и е на пат за Белорусија.

Се очекува да пристигне во четврток рано наутро по локално време.

Украинската и руската делегација ќе бидат претставени со истите членови како и во првиот круг, објави руската државна новинска агенција РИА.

„Белоруските специјални служби целосно ја обезбедуваат ситуацијата во Белорусија, а нашата армија ќе обезбеди безбеден премин за движење на украинската делегација“, рече Медински, заблагодарувајќи и се на Белорусија што ја организира средбата.

Можете да прочитате

Судири помеѓу полицијата и земјоделците пред ЕП во Стразбур

Британската влада одобри Кина да почне со изградба на нова амбасада во Лондон, една од најголемите во светот

Владата на Полска планира да ја укине вонредната помош за Украинците