Утрински Весник
Македонија

Кавадарчанец загина по удар од автомобил

Кавадарчанец загина по удар од автомобил

Осумдесет и тригодишен маж (П.Ч.) од Кавадарци загина по сообраќајна несреќа кај булеварот Македонија го овој град.

Според информациите од полицјата, во него удрил автомобил управуван од Р.Ј.(21) од Кавадарци.

Мажот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Општата болница Кавадарци, а подоцна и во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде по полноќ починал.

Бил извршен увид на местото, а по наредба на Јавен обвинител на телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.

Можете да прочитате

СДСМ: Муцунски за Ива Михаилова вели „Непристојно е земја членка на ЕУ да стане прибежиште за бегалци од правдата” – а за Груевски?

На ГП Делчево уапсен романски државјанин, кај кого била најдена дрога

Полицајци работеле за криминалците од Грчец – откривале тајни истраги, убиства и полициски акции