Утрински Весник
Свет

САД: Руските трупи намерно ги саботираат сопствените возила за да избегнат борби

САД: Руските трупи намерно ги саботираат сопствените возила за да избегнат борби
Dik 300x250 mk

Руските трупи намерно ги саботираат сопствените возила за да избегнат војување, оценува Америка.

Претставник на Пентагон не сакаше да каже како американската војска дошла до оваа информација, но се претпоставува дека станува збор за мозаик составен од разузнавачки информации

Тие се предаваат поради слабиот морал и недостигот на храна и гориво, а некои намерно ги саботираат сопствените возила за да избегнат да се борат со Украинците, изјави денеска за Њујорк Тајмс висок функционер на Пентагон.

„Во некои случаи имаше предавање на цели руски единици откако наидоа на изненадувачки силен отпор од украинските одбранбени сили. Имено, значителен број руски војници се млади, слабо обучени регрути, кои не се подготвени за тотален напад каков што го започна Владимир Путин. Во некои случаи, руските војници намерно дупчат дупки во резервоарите за гориво, веројатно за да избегнат борби, додаде официјалниот претставник.

Тоа би можело да биде една од причините зошто Русите толку бавно напредуваат.

Официјален Пентагон не сакаше да каже како американската војска дошла до информациите, но се верува дека станува збор за мозаик составен од разузнавачки информации, кои вклучуваат пресретнување на руски комуникации и изјави на заробени руски војници.

Кога ќе се земат предвид сите овие фактори, тоа би можело да објасни зошто руските сили, вклучително и озлогласениот 64-километарски конвој тенкови и оклопни возила што се упатуваат во правец на Киев, напредуваат исклучително бавно во последните денови, според американските официјални лица.

Можете да прочитате

Американската армија до своите војници во Германија: Побарајте помош од народните кујни

Каков имот има новиот градоначалник на Њујорк и колку ќе заработува?

Три жени уапсени за планирање терористички напад во Париз