Утрински Весник
Свет

Московската полиција приведе пет деца додека протестираа против војната

Московската полиција приведе пет деца додека протестираа против војната

Московската полиција приведе пет деца на возраст од 7 до 11 години додека тие и нивните родители протестираа против руските напади врз Украина.

Белоруската новинарка Хана Лиубакова ја објави веста на Твитер. Таа изјавила дека децата синоќа дошле во украинската амбасада со своите родители. Тие носеа транспаренти на кои пишуваше „Не за војната“.

Лиубакова напиша дека полицијата ги ослободила децата од притвор кога во полициската станица пристигнал адвокат.

Можете да прочитате

СЗО прогласи крај на епидемијата на хантавирус на крузерот „Хондиус“

Јахтата на Путин забележана во близина на брегот на Данска

Недостиг од гориво во Русија, полиција ги чува бензинските пумпи