Утрински Весник
Македонија

Казни за 182 пешаци кои преминувале улица надвор од пешачки премин или на црвено светло

Казни за 182 пешаци кои преминувале улица надвор од пешачки премин или на црвено светло

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците.

Санкционирани се 182 пешаци од кои, 162 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, 14 за минување на црвено светло… Од нив 70 на територија на СВР Скопје, 26 на територија на СВР Штип.

За време на контролата регистрирани се и 118 останати прекршоци.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано.

Можете да прочитате

Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне со локални врнежи од дожд и снег на планините

Сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај, поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење

Моќен циклон од Џенова од недела 25 Јануари ни носи многу дожд и снег