Утрински Весник
Свет

САД со порака , нивните граѓани веднаш да ја напуштат Русија

САД со порака , нивните граѓани веднаш да ја напуштат Русија

Соединетите Американски Држави денеска препорачаа американските граѓани да ја напуштат Русија „веднаш“ по руската инвазија на Украина.

„Американските граѓани треба веднаш да планираат да ја напуштат Русија со сè уште достапните опции за комерцијално патување“, се вели во денешното соопштение на Стејт департментот.

Стејт департментот претходно препорача американските граѓани да не патуваат во Русија.

Се предупредува дека овие опции за комерцијално патување брзо исчезнуваат поради меѓународните санкции, кои вклучуваат затворање на воздушниот простор на многу земји за руски авиони.

Новото предупредување од американската дипломатија беше издадено за да се земе предвид одлуката донесена денеска, да му се дозволи на персоналот кој не е неопходен во американската амбасада во Москва, да ја напушти земјата.

„Капацитетот на американската администрација да обезбеди рутински или итни услуги за американските граѓани во Русија е крајно ограничен“, соопшти Стејт департментот, предупредувајќи на ризикот од „малтретирање“ од руските власти.

Можете да прочитате

Израелската војска принуди 1.200 Палестинци да ги напуштат домовите во Хеброн

Во судир на два воени авиони за време на тренинг лет на Филипините загинаа четири пилоти

Протести во Чешка поради промени во финансирањето на медиумите, демонстранти се обидоа да влезат во Парламентот