Утрински Весник
Македонија

Над 100 полициски службеници и хеликоптер продолжуваат со потрагата по Петар Џобоски

Над 100 полициски службеници и хеликоптер продолжуваат со потрагата по Петар Џобоски

Министерството за внатрешни работи продолжува со интензивната потрага по детето Петар Џобоски, за кое неговиот родител пријави во петокот вечерта дека се оддалечило од домот во селото Врбско, општина Прилеп.

Во потрагата се ангажирани 102 полициски службеници, хеликоптер, службени кучиња, како и дрон, а во потрагата се вклучени и членови на Територијалната противпожарна единица Прилеп, членови на спасителната служба „Златоврв“, ловното друштво „Мукос“-Прилеп, жители на околните села, како и граѓани доброволци од неколку градови.

Поради големиот интерес на граѓани кои сакаат да се вклучат во потрагата, а со цел подобра координација, МВР ги упати да се јават на телефонскиот број на дежурната служба во с. Витолиште 071 268-594. МВР апелира и до сите граѓани доколку имаат било каква информација која би помогнала за пронаоѓање на детето, да ја споделат веднаш со полицијата и да помогнат во потрагата.

Можете да прочитате

МВР приведе 18 возачи, најголем дел возеле без возачка дозвола

Драма кај Штип: Бегајќи од пламените јазици, возач предизвикал директен судир со друго возило

Голема полициска акција низ Македонија: Приведени 23 лица за дрога