Утрински Весник
Свет

Песков за преговорите: Главната цел на руската армија во Украина е безбедноста на цивилното население

Песков за преговорите: Главната цел на руската армија во Украина е безбедноста на цивилното население

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека главната цел на руската армија во Украина е безбедноста на цивилното население.

– Армијата на Руската Федерација, нашите момци, ќе направат се за ова – рече Песков.

Песков рече дека помошникот на претседателот Владимир Путин, Медински ги има сите квалитети да води преговори со Украина.

Како што рече Песков, Кремљ на разговорите нема да ги соопшти позициите на делегациите на Руската Федерација и Украина.

– Предлагам да ги почекаме преговорите, не би соопштувал никакви барани позиции и така натаму, на крајот на краиштата, тие преговори да се одвиваат, да речеме, во тишина – рече Песков.

Можете да прочитате

Голема британска банка отпушта 5000 работнции, дел ќе бидат заменети со АИ

Германската армија предупредува на сериозна закана од руска саботажа

Судот во Франција досудува изненадувачки благи казни за обвинетите за немирите