Утрински Весник
Свет

Канада се приклучи на санкциите против Русија: Водечките оператори нема да емитуваат руски пропаганден канал

Канада се приклучи на санкциите против Русија: Водечките оператори нема да емитуваат руски пропаганден канал

Канадскиот министер за култура Пабло Родригез на Твитер ја пофали одлуката на двата најголеми тамошни кабелски оператори, Бел и Роџерс, да го забранат емитувањето на рускиот канал Russia Today (RT) поради инвазијата на руските сили од Украина.

– Го пофалувам Бел за отстранувањето на РТ. Русија води војна во Украина од 2014 година и информативна војна ширум светот. РТ е пропагандната рака на режимот на Путин која шири дезинформации. Ќе имам повеќе да кажам многу наскоро – напиша Родригез.

Родригез подоцна напиша дека друг кабелски оператор, Роџерс, исто така ќе го забрани емитувањето на РТ, заменувајќи го со емитување на украинското знаме.

Можете да прочитате

Главните автопатишта во Израел се затворени поради протести со кои се бара прекин на војната во Газа

Побогат од било кога: Како Трамп заработува од Белата куќа

Руски научници развија ново соединение за борба против ракот