Утрински Весник
Свет

Јужна Кореја ќе се приклучи на санкциите против Русија

Јужна Кореја ќе се приклучи на санкциите против Русија

Јужна Кореја ќе забрани извоз на стратешки материјали во Русија и ќе се приклучи на меѓународните напори за блокирање на некои руски банки од глобалниот платен систем SWIFT, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на таа земја, пишува Си-Ен-Ен.

Министерството не откри кои клучни стратешки материјали ќе бидат предмет на забрана за извоз, но рече дека ги известиле Соединетите држави за нивната одлука преку дипломатски канал.

Одлуката дали да се забрани извозот на нестратешки материјали, вклучително и полупроводници и електроника, ќе биде донесена што е можно поскоро, додаваат од Министерството.

Министерството, исто така, потврди дека Јужна Кореја ќе бара дополнително ослободување на стратешките резерви на нафта за да го стабилизира меѓународниот енергетски пазар, пред дополнително да ги разгледа другите мерки, како што е препродажбата на течен природен гас во Европа.

Јужна Кореја ќе ја зголеми својата хуманитарна поддршка за Украина со соработка со меѓународната заедница и испраќање несмртоносна воена опрема, соопшти Министерството.

Можете да прочитате

Песков најавува преговори за Украина во Абу Даби во почетокот на ноември

Товарен брод потона во Црното Море кај Констанца по сомнителен напад со дрон; еден морнар е загинат

Најмалку 16 лица загинаа, 54 се повредени во земјотрес на Тибет со јачина од 7 степени