Утрински Весник
Свет

Британскa министеркa: Се плашам дека ова нема да заврши наскоро и дека ќе има многу крв

Британскa министеркa: Се плашам дека ова нема да заврши наскоро и дека ќе има многу крв

Рускиот воен напад врз Украина може да биде почеток на крајот за претседателот Владимир Путин, изјави британската министерка за надворешни работи Лиз Трас.

Во интервју за Sky News, Трус рече дека гледа силен и храбар украински отпор и дека Британија ќе продолжи да ги снабдува со оружје и економска поддршка.

Таа рече дека верува оти Путин прави стратешка грешка со оглед на штетата што западните санкции можат да ја направат на руската економија.

Но, посочи дека војната може да трае неколку години и дека може да има многу жртви: „Се плашам дека ова нема да заврши наскоро. Се плашам дека овој конфликт може да биде многу крвав“, рече таа.

Запрашана за санкциите од нивна страна, Трус рече дека составила листа на олигарси и дека ќе разговара за нови санкции.

Војната во Украина ќе предизвика економски трошоци за Велика Британија, рече таа.

„Но, Британците ќе ја разберат цената што би ја платиле ако сега не му се спротивставиме на Путин“, објасни таа.

Можете да прочитате

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Москва

Бројот на издадени рецепти во САД за слабеење за деца зголемен за 300 пати во споредба со 2019 година

Бесент ги идентификуваше украинските напади врз Русија како една од причините за глобалните енергетски шокови