Утрински Весник
Спорт

Две асистенции на Кондогбија, два гола на Лоди – Атлетико ја победи Селта

Две асистенции на Кондогбија, два гола на Лоди – Атлетико ја победи Селта

Атлетико Мадрид ја победи Селта со 2:0, во послендиот натпревар од саботната програма во Ла Лига.

Актуелните шампиони, после долго време решија натпревар без речиси никакви проблеми.

Врската Кондогбија-Ренан Лоди го реши победникот на „Ванда Метрополитано“. Бразилецот Лоди, по вокација лев бек и на овој натпревар играше како лево крило. Добрата игра ја круниса со два гола. За двата гола му асистираше Кондогбија.

Во 36.минута, Лоди со прецизен удар го погоди поблискиот агол од голот на Дитуро,а во 60.минута навреме го прифати додавањето од Кондогбија и ја испрати топката во голот, низ нозете на аргентинскиот голман.

Атлетико се четврти на табелата со три бода повеќе од Барселона, Селта е на 10.место со 32 бода.

Во наредното коло, Атлетико ќе гостува кај Бетис, а Селта ќе ја пречека Мајорка.



> Две асистенции на Кондогбија, два гола на Лоди – Атлетико ја победи Селта <

Можете да прочитате

Реми на македонските ракометари со Австрија

ПМФЛ: Вардар и Шкендија бодовно израмнети на врвот

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал