Утрински Весник
Свет

Застрелани дански новинари кои известувале од Украина

Застрелани дански новинари кои известувале од Украина

Двајца дански новинари беа застрелани денеска во североисточна Украина, но нивните животи не се во опасност, изјави нивниот работодавец.

Репортерот Стефан Вајчерт и фотографот Емил Филтенборг Микелсен биле ранети од куршуми додека известувале за дански дневен весник во близина на градот Охтирка, на околу 50 километри од руската граница, објави данскиот весник „Екстра Бладет“.

И покрај тоа што носеле панцири, тие биле ранети додека биле во возилото од истрели за кои не се знае од каде било пукано.

„Двајцата беа брзо пренесени во болница и се надвор од животна опасност“, пишува весникот.

Додава дека е во контакт со данското Министерство за надворешни работи и друга компанија со цел да ги евакуира од Украина.

Можете да прочитате

Путин во Кина: Обидите на Западот да ја внесе Украина во НАТО се причина за „украинската криза“

Песков негира вмешаност на Русија во блокирањето на ГПС сигналот во авионот на Фон дер Лајен на летот за Бугарија

Авионот со Урсула фон дер Лајен остана без навигација, Русите се осомничени (ВИДЕО)